На 4-тата седница на Советот на Општина Росоман, беше усвоен Буџетот на Општина Росоман за 2026 година, кој е планиран во износ од 162.636.930 денари. Буџетот е насочен кон развој, стабилност и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, со фокус на инфраструктурата, комуналните услуги, образованието и социјалната поддршка. Сите членови на Советот п покажаа конструктивната соработка. Заеднички ќе продолжиме да ја градиме Општина Росоман – одговорно, посветено и во интерес на сите граѓани.


