Во рамките на средбата помеѓу градоначалникот Митко Јанчев и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија генерал-мајор Сашко Лафчиски, беше доделена Голема плакета на Армијата на градоначалникот Митко Јанчев. Плакета, доделена по повод Денот на Армијата, претставува признание за несебичното залагање и огромниот придонес кој Јанчев континуирано го дава кон Армијата, не само како градоначалник на општина Кавадарци, туку и како општествено одговорна личност.


