Општина Кавадарци во рамките на програмата за комунална изградба реализираше уште еден проект.
Деновиве оперативата на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци заврши со оформување и поплочување на нов тротоар на делница од ул.Владимир Назор. Изградбата на овој тротоар е дел од проект на општината со кој преку програмата за комунална изградба е предвидено поплочување на повеќе локации во градот. Проектот е на барање на жителите од населбата кои сега ќе имаат побезбеден пристап и комуникација до своите домови.

 
 

 
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			  .jpg) 
			  .png) 
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
 
                         
  
  
  
  
  
 
 
 
					 
 
					 
 
					 
 
					 
					   
					   
					   
					   
					  
                        
                       
					  
                        
                      