МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(115x115)
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Ракометот кај нас има голема традиција .Активно се игра на почетокот на 50 –тите години на минатиот век, а  од 60-те, до 2000  година  имаше зенит во развојот на овој спорт.
Ракометот имаше респект како спортска игра во Кавадарци.Оваа генерација спортски работници и ракометари успејаа да го оттргнат од заборав златното време  и да и дадат  нов ветар за да го добие  заслуженото место. Свечената академија која ја  организираше сегашната Управа на ГРК „Тиквеш 2014“ успеа во тоа (Зоран Јосифовски , Димитар Влаиков,  Добре Ставров и нивните соработници -големи ентузијасти ) и  не потсетатија на почетоците на  ракометот. Академијата  се одржа  во Големата сала на Домот на културата „Иван Мазов Климе“. Се обратија Зоран Јосифовски-актуелен  член на Управата на ГРК„Тиквеш 2014„ , и Добре Ставров- основач и еден од основачите - голем ракометен работник.Во културниот дел на програмата настапи Триото „Ад Либитум“.Организаторите се погрижија да напорават мошне импресивна изложба на фотографии од досегашни настапи на РК „Тиквеш„ на домашни и средби во гости.  Инаку Свечената академија ја следеа голем број поранешни и актуелни ракометари и спортски работници во Кавадарци.