МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Демир Капија известува дека, по одлука на Владата на Република Македонија, на општината ѝ се доделени средства во износ од 912.764 денари за обештетување на граѓаните погодени од априлската елементарна непогода – измрзнување. Исплатата на средствата ќе се изврши денес директно на сметките на лицата кои поднеле барање и за кои е утврдена основаност согласно важечките критериуми и извршените проценки. Општина Демир Капија останува посветена на навремено информирање и поддршка на своите граѓани, како и на активности за ублажување на последиците од природни непогоди. За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат во општината во текот на работното време.